Wednesday, 17 April 2013 15:06 Шоу Бизнис

Славниот музичар признал дека пред 18 месеци им се вратил на пороците, алкохолот и разните дроги поради што го довел својот брак под знак прашалник.

Ози Озборн потврди дека веќе некое време не живее со Шерон, затоа што последните неколку месеци „бил вистински кретен поради проблемите со алкохолот и дрогата“.

„Во изминатите година и пол дена пиев и се дрогирав. Бев на многу мрачно место и кретен кон луѓето што најмногу ги сакам - моето семејство. Среќен сум што можам да кажам дека сум трезен веќе 44 дена“, напиша Ози (64) на својата официјална Facebook страница.

Покрај тоа, Ози тврди дека не се разведува, но дека е точно дека не живее со Шерон.

„Сакам да и упатам извинување на Шерон, на семејството, на пријателите, членовите на бендот и фановите што во изминатиот период бев луд. Бог сите да ве благослови, Ози.“

Музичарот со децении се бори со зависноста, а по лечењето во 2003 година цел свет го убеди дека алкохолот и дрогата се негово грдо минато.

Бендот Black Sabbath 19 студиски албум наречен „13“ ќе го објави во јуни оваа година, а на местото на главен вокал после 35 години ќе биде повторно Ози.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...