Sunday, 24 March 2013 13:59 Шоу Бизнис

Кристен Стјуарт освои две Kids Choice награди на церемонијата во Лос Анџелес.

Kids Choice се награди чии добитнции ги бираат децата, гледачите на детскиот канал Nikelodeon, а на свеченоста традиционално познатите се полеваат со зелен слуз.

Честа да бидат полиени оваа година ја имаа Нил Патрик Харис, Сандра Булок, Ник Кенон и други кои се појавија на бината за да ги доделат наградите.

Кристен Стјуарт освои награди за омилена актерка („Самрак“) и девојка која знае да тепа („Снежана и Ловецот“), додека за омилен актер е прогласен Џони Деп.

На децата омилена пејачка им е Кети Пери, пејач Џастин Бибер, а омилена цртана серија им е „Сунѓерчето Боб“. Наградени спортисти се Леброн Џејмс и Даница Патрик, а серијалот книги „Игрите на гладните“ и филмот според книгата е прогласен за најдобар филм.

Во категоријата анимирани филмови триумфираше „Разбивачот Ралф“, а најдобар глас во цртан филм дал Адам Сандлер, кој во „Хотел Трансилванија“ го игра Дракула.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...