Sunday, 17 February 2013 12:24 Шоу Бизнис

На пејачката повредата на колкот ќе ја чини милиони, поради „проблемче“ со осигурувањето.

Лејди Гага соопшти во изминатата недела дека ја откажува турнејата Born This Way затоа што мора да го оперира десниот колк. Пејачката кажа дека повредата и тешкото воспаление на колкот го заработила така што се префорсирала настапувајќи, и дека со месеци ја криела болката и непријатноста за да не ги разочара фановите.

Оваа великодушна изјава би можела да ја чини милиони, пишува светскиот печат. Фановите ќе ги добијат назад парите за картите купени за 25 настапи, но тие пари можеби ќе дојдат од нејзиниот џеб.

Да кажала Гага само дека има повреда која бара операција, осигурувањето би ги покрило тие трошоци, но бидејќи признала дека со месеци криела дека е повредена, дополнителните компликации осигурувањето ќе ги третира како сама себеси намерно да си нанела повреда, што значително ги менува условите на договорот.

Ако се докаже дека пејачката намерно ја криела повредата додека не и се влошила значително, осигурувањето ќе одбие да ги покрие нејзините трошоци, па парите на фановите и организаторите ќе мора сама да ги врати.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...