Friday, 01 February 2013 17:04 Шоу Бизнис

Убавата актерка смета дека глумата повеќе не е нејзин живот, затоа што сега е мајка на малиот Ноа, што е нејзина примарна „работа“.

По неколку улоги во холивудски филмови, Меган вели дека со раѓањето на детето и се остварил животниот сон.

„Мое најголемо задоволство е да бидам со синот. Целиот живот сакав дете и сега конечно го имам. Нему сакам да му подарам повеќе од себе и уште браќа и сестри“, кажа среќната Меган.

Таа моментално го промовира својот нов филм This Is Forty, но не крие дека глумата веќе не ја чувствува како свој животен повик.

„Тешко ми е да работам, затоа што чувствувам дека тоа повеќе не е мојата работа“, кажа актерката во интервју за едно списание.

Таа кажа неколку зборови и за својот брак со ѕвездата од серијата Beverly Hills, 90210, Брајан Остин Грин.

„Имавме среќа, тој и јас. Верувам дека сме сродни души, но тоа не значи дека не е потребен труд, затоа што сме многу различни. Се обидуваме да бидеме толерантни и трпеливи еден кон друг. Никогаш не би ми паднало на памет да се жалам од него, затоа што тој е многу неверојатна личност“, беше искрена актерката.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...