Tuesday, 29 January 2013 16:47 Шоу Бизнис

Таткото на пејачката прозборува за Daily Mail. Ја критикува ќерката и нејзиниот избор за име на синот.

Марк Еванс (49) ја оставил Адел и нејзината мајка кога пејачката имала три години и по децении отсуство се врати во нивниот живот за да ги исправи односите со ќерката. Биле, вели Еванс, во одлични односи, се додека Адел не се прославила, а тој дал интервју без нејзина дозвола.

„Новинарите со денови ме опседнуваа мене и моето семејство, и Адел ми кажа дека заедно ќе дадеме интервју кога ќе се врати од Америка. Мислев дека нема да се лути ако го дадам сам, за време на нејзиното отсуство“, кажа Еванс.

Интервјуто дадено во 2011 во кое го опиша својот однос со пејачката, нејзината мајка, проблемите со алкохолот и уште многу други работи, го чинеше односот со ќерка му. Се немаат слушнато, ниту се имаат видено повеќе од две години.

„Од новинарите дознавам дека е бремена, дека се мажи, дека се породила... Не сум го видел детето, и не знам зошто го нарекла Анџело Џејмс. Сакав мојот внук да го носи името на мојот татко, Џон, а не оваа холивудска комбинација. Не знам од каде и се тие две имиња“, кажал тој.

Еванс во меѓувреме го добил синот Камерон (18), кој ја посетил полусестрата и го видел бебето, иако на Twitter објави дека е „невидено фрустрирачки“ што за внучето не смее да зборува, ниту да објавува слики од него.

„Сакам и јас да го видам бебето, и да му бидам вистински дедо на малото“, завршува Еванс.

Адел му нема одговорено јавно, иако не мислиме дека овој нов испад на нејзиниот татко ќе и го смени мислењето.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...