Wednesday, 23 January 2013 17:00 Шоу Бизнис

Актерот призна дека е во врска со бивша ѕвезда на филмови за возрасни која, вели, е кажи-речи женска верзија од него.

Шин (47) и Џорџија Џонс (24) се смуваа пред Нова година, а гостувајќи во шоуто кај Пирс Морган актерот не ги штедеше зборовите на пофалба за својата драга чии филмови редовно ги гледал и не се срами да признае дека е голем фан на нејзината работа...

„Таа е неверојатна. Бев нејзин обожавател и често го пишував нејзиното име во пребарувачите на интернет. Многу е помлада од мене, но затоа е многу сексипилна. Таа е нешто како женска верзија од мене, имаме слични особини и квалитети и многу е забавна“, ја испофали Шин својата нова девојка.

Шин вели дека Џорџија пред неколку години престанала да се занимава со снимање на филмови за возрасни, но дека и да не престанала, нему не би му сметало да биде во врска со неа затоа што се вљубил.

На проблематичниот актер ова не му е прв пат да се вљуби во порно ѕвезда. Шин пред две години, кога доживеа нервен слом и доби отказ од серијата „Два и пол мажи“, живееше со две порно актерки кои ги нарекуваше свои „божици“, но тие го оставија кога почна да претерува со алкохолот и дрогата.

Сега, барем што се однесува до јавните испади во алкохолирана состојба, се смири, а на есен ќе стане и дедо што е, како што вели, најубавата вест која ја добил во последните неколку години.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...