Sunday, 13 January 2013 16:41 Шоу Бизнис

Фановите на пејачката „ја прозваа“ Кели, а кога таа реагираше, од Гага и стигнало подолго отворено писмо.

Кели Озборн во едно интервју рече дека на интернет е злоставувана од стана на фановите на Лејди Гага. Пејачката на својот сајт одговори во форма на долго, отворено писмо.

Гага објасни дека секојдневно низ својата музика и јавните говори избира да биде позитивна и дека работи на храброста заедно со своите следбеници.

„Кели, сочувствувам со тебе, и чувствувам дека е важно да ти укажам дека избра помалку сочувствителен пат. Жал ми е што моите фанови те закачуваа, но можеби е време да се преиспиташ“, напиша, меѓу другото, поп дивата.

Кели Озборн заедно со комичарката Џоан Риверс ја води емисијата „Модна полиција“, и во секоја емисија бираат и навредуваат славни личности кои лошо се облекуваат.

„Твоето шоу е негативно и за време на годините стана дури и комично на тој начин што си игра мајтап на сметка на уметници и познати личности како ние да сме животни во зоолошка градина“, наведе Гага.

Кели кратко и порача дека не ја интересираат „нејзините с*ања“, но нејзината мајка Шерон се разбесни и на Гага и напиша писмо.

„Како некој со 32 милиони следбеници на социјалните мрежи, би морала да знаеш дека само еден твој збор би ги запрел нивните напади на мојата ќерка. Дали си толку очајна, што мораш од тоа да направиш еден јавен срам“, праша Шерон.

Кели на сето тоа само го твитна цитатот од Бет Дејвис кој гласи: „Кога мажот кажува нешто, тој е маж, а кога жената ќе го изрази своето мисење, таа е кучка“.

Во преписот се вклучи и Риверс, напишувајќи и на Гага дека „некој кој се испили од јајце“ на доделувањето на Grammy наградите би требало да знае дека „Модна полиција“ е шега.

Ова не е крај...

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...