Saturday, 05 January 2013 17:27 Шоу Бизнис

Девојката чие лице светот го гледа точно 30 години, конечно го доби договорениот хонорар за улогата во антологискиот спот на Мајкл Џексон за песната Thriller.

Поранешната Playboy зајчица Ола Реј (52) уште во 2009 година, месец дена пред смртта, го тужеше кралот на попот и неговата продуцентска куќа поради кршење на договорот затоа што никогаш не и бил исплатен хонорарот за улогата во спотот кој е снимен далечната 1983 година.

Американските медиуми пишуваат дека со одлуката на судот, Ола конечно ќе добие 55.000 долари на име на процент од авторските права за улогата во еден од најпопуларните спотови на сите времиња и уште 20.000 долари за покривање на трошоците на адвокатите кои со години работат на овој случај.

И додека „плашливата девојка“ од спотот конечно воздивна, случајот во кој режисерот на еден од најпознатите видео клипови во историјата на музиката Џон Лендис тврди дека ни тој не е исплатен и дека допрва треба да се најде пред судот, но тој тврди дека според договорот му припаѓаат 50% од профитот од спотот и исто толку од документарецот за снимање на видеото.

Лендис заедно со Џексон е потпишан како косценарист на краткиот филм кој трае 14 минути, а кој во 2006 година стигна во Гинисовата книга на рекорди како најуспешен спот на светот. Продукцијата на спотот во кој учествувале стотина танчери, статисти и актери, чинела половина милион долари што во 1983 година беше неверојатна сума за музичко видео.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...