Friday, 04 January 2013 17:19 Шоу Бизнис

Оскаровката доби ѕвезда на холивудската Патека на славните веднаш покрај колегата Колин Фирт.

Нејзината ѕвезда е 2488 по ред која е поставена во плочникот на најславниот булевар на светот кој е отворен во далечната 1958 година и претставува холивудска награда за животно дело.

„Не можам да бидам погорда и посреќна што конечно ќе лежам покрај Колин Фирт, тоа е нешто што долго време сакав да го направам“, рече Мирен која Оскар доби за улогата на кралицата Елизабета во филмот „Кралица“ од 2006.

Веднаш покрај нејзината ѕвезда се наоѓа онаа која британскиот актер Колин Фирт ја откри минатата година, година дена откако доби Оскар за улогата на британскиот крал Џорџ VI во филмот „Говорот на кралот“ од 2010 година, а Мирен и за оваа имаше што да каже.

„Многу сум среќна и горда и мислам дека за британската монархија е добро што е овде, на Холивудскиот булевар каде што кралот и кралицата ќе спијат заедно.“

Актерката на церемонијата во четврток ја претстави писателот и режисер Дејвид Мемет кој кажал дека нејзините улоги не само што се фалени, туку и обожавани.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...