Tuesday, 25 December 2012 17:35 Шоу Бизнис

Роберт Дауни Џуниор и Кристен Стјуарт се најисплатливи ѕвезди во Холивуд, објави Forbes.

Секоја година, списанието Forbes објавува листа на најисплатливи актери и актерки во Холивуд. Листата се составува на основа на тоа колку филмовите во кои ги толкувале главните улоги заработиле на благајните ширум светот.

Прв на листата е Роберт Дауни Џуниор, ѕвездата на филмот „Одмазници“, третиот најисплатлив филм на сите времиња, по „Титаник“ и „Аватар“. Овој филм заработи неверојатни милијарда и пол долари во кино-салите.

Меѓу холивудските дами, најисплатлива е Кристен Стјуарт, чиј филм „Самрак сага: Зазорување 2“ зработи 1,2 милијарди, а ја следи Крисијан Бејл чиј „Подемот на мрачниот витез“ заработи точно милијарда долари.



Следен е Даниел Крејг со 951 милиони од новиот „Бонд“, а потоа Роберт Патинсон од „Самрак“, „Бел Ами“ и „Космополис“ (793 милиони), па Тејлор Лотнер од „Самрак“ и „Киднапиран“ (779 милиони).

Новиот Спајдермен, Ендру Гарфилд се запишал на листата со 752 милиони, ѕвездата на „Игрите на гладните“ Џенифер Лоренс со 748 милиони, и Вил Смит со третиот дел на „Луѓе во црно“ и 624 милиони долари.

Последен е Марк Волберг со коминирани приходи од филмовите „Тед“ и „Контрабенд“ во износ од 598 милиони долари.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...