Saturday, 08 December 2012 17:24 Шоу Бизнис

Целиот приход од кармиот кој пејачката го има дизајнирано ќе биде наменет за борбата против ХИВ/СИДА.

Познатиот козметички бренд MAC лансираше нов кармин со потпис на пејачката Ники Минаж, кој се вика Viva Glam Nicki 2. Во прашање е пастелна нијанса на лаванда, а ова е веќе вториот кармин кој Минаж го „зготви“ со оваа компанија.

Целиот приход од продажбата на кармините, е наменет за MAC фоднот кој лансира истражување и борба против ХИВ/СИДА. Претходни лица на оваа компанија беа Рики Мартин, Лејди Гага, Елтон Џон и други.

„Многу сум горда на оваа компанија, вклучете се“, твитуваше Ники.

Пејачката во повеќе наврати ангажирано говореше за борбата против оваа болест, затоа што нејзиниот вујко има починато од истата.

Карминот во мат варијанта, како и сјај во иста нијанса, ќе бидат достапни на деветти февруари.

Нејзиниот претходен кармин Pink Friday, лансиран во 2010 година, чинесе околу 14 долари, а сега може да се најде само на сајтовите за аукција, каде што цената му стигнува дури и до 90 долари.

Инаку, денеска покрај другото Ники го прославува својот 30 роденден. Среќен роденден, Ники!

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...