Tuesday, 23 October 2012 14:56 Шоу Бизнис

„Јас прва ја снимив We Found Love и мојата верзија е подобра од онаа на Ријана, но никогаш нема да ја слушнете.“

Леона Луис тврди дека таа е онаа која прва ја снимила песната We Found Love, но дека на крајот овој сингл го „изгубила“, а кога Ријана го „пронашла“ станал планетарен хит.

Пејачката вели дека творецот на една од најпопуларните песни за оваа година, Келвин Харис, оригинално песната ја снимил со неа, како и дека нивната верзија била подобра.

„Откако ја снимивме We Found Love, тој отиде на турнеја со Ријана и на крајот таа ја објави песната.

Јас не се обврзав со ништо, затоа што сакав мој прв сингл да биде песната Trouble - така што можеби тоа е една од причините зошто Харис песната на крајот и ја даде на Ријана.



Се работи за иста верзија, но - мојата беше подобра“, изјави Леона за Daily Star.

Како и да е, верзијата на Ријана стана еден од најуспешните синглови на годината и до сега е продаден во повеќе од 6.5 милиони примероци, а Леона признава дека во нејзино изведување песната можеби не би станала таков хит.

„Беше малку глупо да се види на крајот колку огромен хит стана оваа песна.

Но, да ја објавев јас, можеби не би поминала толку добро. И понатаму ја имам снимката, но никогаш нема да дозволам да ‘протече’. Тоа би било многу непрофесионално.“

Третиот албум на Леона, Glassheart, најавен е со истоимениот сингл, објавен на 12 октомври, а новиот албум на Ријана, Unapologetic би требало да пристигне кон средината на ноември.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...