Saturday, 08 September 2012 09:10 Шоу Бизнис

Моментално во медиумите се "влече" приказната за разводот на Хади Клум и Сил. Нејзината врска со телохранителот за која секојдневно се пишува не е единствената каде некоја ѕвезда побарала утеха во прегратките на свој вработен. Ова се неколку селебрити кои не можеле да одолеат на лицата со кои по инерција поминувале многу време...

Џуд Ло и дадилка
Славниот глумец имаше афера со дадилката Дејзи Рајт во 2005 година додека беше верен за Сиена Милер. Таа ја прекина веридбата откако веста се појави во јавноста и тој призна, но повторно завршија заедно во 2009 година. Во тој наврат врската траеше до 2011.

Итан Хoук и дадилка
Бракот на Итан и Ума Турман заврши во 2003 година по гласините дека имал афера со дадилката Рајан Шевхагес, иако глумецот тврдеше дека со неа се впуштил во односи откако бракот завршил. Тие двајца се венчаа 2008 година и имаат две деца.

Арнолд Шварценегер и куќна помошничка
Во мај 2011 година се дозна дека славниот глумец и поранешен гувернер има дете со бившата куќна помошничка Милдред Баен, која за семејството работеше повеќе од 20 години. Таа вест го заврши неговиот 25-годишен брак со Мариа Шривер.

Робин Вилијамс и дадилка
Робин својата прва сопруга ја остави поради дадилката Марша Гарсис во 1988 година. По две деца и 19 години брак и тие двајца се разделија во 2008 година.

Бил Клинтон и приправничка
Еден од најпознатите политички секс скандали изби во 1998 година кога актуелниот претседател Клинтон е фатен во афера со вработената во Белата куќа, Моника Левински. Хилари му опрости.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...