Tuesday, 21 August 2012 12:23 Шоу Бизнис

Септемврискиот број на списанието InStyle ни ја претставува прекрасната Џенифер Лопез - пејачка, актерка и внимателна мајка која со заводлив поглед гледа од насловната на изданието...

На фотосесијата поп дивата позирала во стилски дизајнирани фустани и изгледа блескаво, како и секогаш.
На една од фотографиите Џен е со краток фустан од есенско-зимската колекција на Givenchy за 2012-та, на друга фотографија пак нејзиното тело е украсено со црна кожна сукна на Salvatore Ferragamo, вешто комбинирана со ефектни сандали Giuseppe Zanotti.

Во отворено интервју за бројот пејачката споделила интимни детали од приватниот живот и тврди дека таа не престанува да верува во љубовта, иако тоа понекогаш има непријатни последици.
Пејачката исто така открива каков тип мажи и се допаѓаат. "Најважната карактеристика, која мажот до мене мора да ја има е да биде мил. Ги сакам добрите момци."

43-годишната латино дива не е од типот луѓе кои се откажуваат кога работите не одат добро. Всушност е токму спротивното, таа ги гледа тешкотиите како можност да порасне. "Јас живеам според тоа дека Господ не ти дава нешто со што не можеш да се справиш. Кога ќе ти се случи нешто лошо или тешко тогаш ти навистина созреваш и сфаќаш дека овие тешкотии, моментите во кои чувствуваш болка се во голема мера дел од твоето напредување."

Без разлика дали доживува добри или лоши моменти, таа никогаш не ги заборава своите приоритети и најважниот од нив - децата.
Џен вели дека се чувствува ранлива и чувствува напнатост, како и секој друг родител.
"Се разбира, јас сум иста како секој родител. Ги чувствувам тензиите од тоа да сакаш да бидеш совршен родител и да копнееш да направиш најдобро за своите деца. Иако знам дека не можам да бидам совршена сакам да бидам таква. Нешто што научив е тоа дека - да бидеш мајка или татко е најважната и најодговорна работа на светот."

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...