Thursday, 28 June 2012 14:34 Шоу Бизнис

Топлото време надвор ги натера познатите мајки да ги земат за рака своите деца и да ги споделат со нив среќните сончеви зраци...

Видете ja пример Џесика Алба и нејзините две мали госпоѓици - Онар и Хеван.

Трите грации, меѓу кои и пријателката на актерката беа фатени од папараците за време на прошетка во Беверли Хилс.

Ќерките на Џесика како да излегле од детски филм со овие светли и убави бои. Мајка им пак не го изневери својот стил и беше облечена во фармерки во боја и кошула во бохо стил.

Сигурно е одлично да отидете на пазар за играчки со мама Пинк. Во тоа би не убедилa Вилоу, ако можеше да зборува со јазикот на возрасните. Пејачката носела ќеси со забавни детски орнаменти, додека нејзиното мало девојче греело како сонце со плавата коса и жолтата блуза.

За време на одморот во Бразил Џенифер Лопез не ги остави децата ниту еден ден без забава во вода.

Овој пат биле видени не на плажа, туку во базенот на приватен имот, на кој престојува латино ѕвездата, нејзиното момче Каспер и близнаците Макс и Ејми.

Оваа убавица е Камила, сопругата на актерот Метју Маконахи. 29-годишна миленичка ги извела децата Леви и Вида на прошетка низ сончевот Менхетен.

Семејство Маконахи се наоѓаат во Њујорк, поради промоцијата на новиот филм на Метју - "Magic Mike", во кој тој игра улогата на стриптизер.

Еве ја и најзафатената мајка - Анџелина Џоли.

Во пауза меѓу снимањето на нејзиниот нов фантастичен проект "Maleficent" таа им се радувала на близнаците Вивиен и Нокс. Всушност, на снимањето се појавиле сите нејзини 6 деца, но само најмалите од нив успеале да се нурнат меѓу целиот тим.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...