Monday, 14 May 2012 10:00 Шоу Бизнис

Не поминаа ни две недели откако се породи, Џесика Симпсон веќе ги продаде ексклузивните фотографии од својата ќерка...


Американската пејачка и актерка убаво профитираше од раѓањето на своето прво дете, ќерката Максвел, заработувајќи речиси пет милиони долари.

Како што објавуваат американските таблоиди, Џесика и нејзиниот вереник Ерик Џонсон само од продажбата на првите фотографии на нивната ќерка на магазинот „Пилп“ заработиле 800.000 долари.

Дополнително, за симнување на вишокот килограми наталожени за време на бременоста, Џесика доби уште четири милиони долари, колку што вреди нејзиниот договор со компанијата за диететски производи „Вејт Вачерс“.

Износот кој им е исплатен на Џесика и Ерик, сепак е многу помал од оној кој го добија Џенифер Лопез и Анџелина Џоли, тие за првите фотографии на своите близнаци добија шест, односно 11 милиони долари.

Некои селебрити личности пак, сами ги објавуваат фотографиите од своите наследници, како Бијонсе и Џеј Зи.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...