ТОП ВИДЕО |
Friday, 27 April 2012 17:15
Шоу Бизнис
Еден британски музички портал ја објави веста дека легендарниот рок бенд планира големо враќање... тапанарот и гитаристот демантираа.
Кога светските музички медиуми во 2008 година ја објавија веста дека славниот бенд од Манчестер, The Smiths, повторно ќе се формираат, фановите беа запрепастени. Сега се случи истата работа... Во исто време воодушевените и разочараните фанови на бендот чии членови се заколнаа дека „попрво би си ги изеле сопствените тестиси отколку да се качат на бината заедно“, мислеа дека ќе направат се за пари, но сега можат да се смират, затоа што Џони Мар и Мајк Џоунс, во одделни соопштенија, потврдија дека тоа нема да се случи. Гитаристот и тапанарот Џони Мар и Мајк Џоунс, се огласија откако порталот Music.news.co.uk ја објави веста дека членовите на бендот преговараат со „познат промотер“ околу враќање на сцената. Мар набргу се огласи на својот Фејсбук профил каде што напиша дека „гласините за повторно собирање не се точни“ и дека тоа „никогаш нема да се случи“. Следниот кој ја демантираше веста беше тапанарот Мајк Џоунс кој гостувајќи на една радио станица рече дека е „добра работа што не се формираат“. „Кога ја слушнав веста дека The Smiths се формира, бев шокиран. Тоа нема да се случи и тоа е добра работа.“ Џони Мар во февруари оваа година изјави дека бендот ќе се врати на сцената само ако актуелната власт се повлече. „Тоа е фер спогодба, зар не?“ The Smiths владееја со алтернативната сцена кон средината на осумдесетите години, но кога Мар во 1987 година ја напушти групата, се се распадна. Ексцентричниот фронтмен Мориси одамна се заколна дека никогаш веќе нема да ја дели бината со гитаристот Џони Мар, басистот Енди Рурк и тапанарот Мајк Џоунс. Пред десет години, Џоунс успешно ги тужеше Мориси и Мар за неисплатени авторски права.
|
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|






















