Thursday, 26 April 2012 08:45 Шоу Бизнис

Долги години имаше имиџ на права дива, но мајчинството навистина ја трансформираше најубавата жена на светот...

30-годишната Бијонсе откри некои тајни од својот приватен живот за магазинот People, па така дознавме дека убавицата сама се шиша како и дека сака да носи рамни обувки - за разлика од високите потпетици кои редовни ги носи на настапи.

"Никогаш не помислив дека ќе дојде ден кога нема да сакам да носам високи потпетици. Сега кога имам дете, го носам во раце цел ден и ми треба нешто удобно", призна ѕвездата.

"Џеј обожава кога носам рамни обувки, што е прилично изненадувачки затоа што никогаш порано ме нема видено во такво издание. Сака кога сум природна, опуштена", откила Бијонсе.

Освен тоа признала дека многу често знае да ги земе ножиците во свои раце, така што наместо да оди на фризер сама ја одржува својата фризура. "Неодамна си ги скратив врвовите - само ја разделив косата на средина  и цик - цак".

Бијонсе вели дека има многу самодоверба сега отколку порано. "Најубавата работа во тоа што имам ќерка е тоа што таа е мое наследство. Зборот 'љубов' доби сосема ново значење".

Отворено зборувала и за доењето на својата ќерка, а за десет недели успеала да се ослободи од вишокот на килограми благодарејќи му токму на доењето. После тоа преминала на строга протеинска диета и вежби три пати неделно по 90 минути комбинирајќи трчање, танцување и стомачни.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...