Monday, 23 April 2012 22:28 Шоу Бизнис

Младата пејачка ѕвезда Деми Ловато ја шокираше јавноста со своето неодамнешно признание...


Таа откри дека користела кокаин за да се ослободи од самотијата која ја чувствувала. Деми вели дека дрогата и ја нуделе промотерите на клубовите во кои често одела.

Бившата Дизниева ѕвезда била на рехабилитација во 2010 година поради многу проблеми, пореметување во исхраната, депресија и самоповредување. Додека раскажувала за овие проблеми досега не открила дека земала и дрога. Но неодамна сепак кажа дека шмркала кокаин.

“Тоа е нешто за што не сакам да зборувам. Можам да речам дека бев во депресија. Настапував пред 18.000 луѓе, а потоа одев во хотелска соба каде што бев сама. Затоа барав начин да останам среќна”, вели Деми.

Како што вели, промоторите на клубовите и давале дрога и алкохол бидејќи сакале пак да се врати во нивниот клуб и папараците да ја снимат баш таму.

“Мислев дека ми се пријатели и дека се забавувам. Да се биде познат може да биде многу опасно. Никој не вели “не”. Затоа многумина се предозираат и умираат. Тоа можеше да ми се случи и мене”, заклучила младата пејачка.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...