ТОП ВИДЕО |
Tuesday, 10 April 2012 09:56
Шоу Бизнис
Да, тие се познати и славни, но сепак се човечки суштества. Нормално е да имаат добри и лоши денови, впрочем како и сите ние... Ама се разликуваат од нас по тоа што нивните лоши денови долго се паметат. Кортни Лов своевремено го удрила во глава пејачот на бендот “Бикини кил” и упаднала во интервју на Мадона на доделувањето на MTV наградите. Се дрогирала на Тајланд и го обвинувала Дејв Грол oд “Фу фајтерс” дека го краде Курт Кобејн. Џејмс Браун во 1998, вооружен со пушка и пиштол, им се заканувал на луѓето и бегал од полицијата. Актерот Марлон Брандо приредувал романтични вечери со урната во која се наоѓала пепелта на неговиот партнер. Роберт Дауни Џуниор една вечер бил толку пијан што влегол во куќата на соседот и си легнал во креветот да спие.
Епитетот лудак Том Круз го заработи откако скокаше по софата во шоуто на Опра, за да објасни што чувствува за својата сопруга Кејти Холмс. На Мел Гибсон Евреите му се криви за се лошо на светот. Сопругата, со која беше 20 години во брак, го остави поради неговата врска со Оксана Григориева која подоцна ја тепаше и и се закануваше. Во 2007 година Бритни Спирс влетала во фризерски салон и си ја избричила главата. Беше во врска со папарацо, па на новинарите им ги кршеше автомобилите со чадор. Го изгуби старателството над децата и заврши во психијатриска болница. Пред 11 години Принц стана Јеховин сведок, па често може да се види како оди по улица, дели летки и ги прашува луѓето дали го запознале Бог. Ѕвездата на филмот „Шест дена и седум ноќи“, Ен Хеч е позната по изјавите дека ја киднапирале вонземјани, но и по едно лудо возење. Таа седнала во автомобил во долна облека и возела до првата куќа која и се нашла на патот. Заѕвонила на вратата и ја замолила жената која и отворила да и дозволи да се истушира и да гледа некој филм. Изненадената домаќинка ја препознала актерката и и дозволила да влезе, а потоа повикала полиција. Кога стигнала полицијата, Ен објаснила дека се е во ред, дека таа е Господ и дека дошла за луѓето да ги води во рајот.
|
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|























