ВИЦ
Хасо, радосен: ТОП ВИДЕО |
Saturday, 24 March 2012 12:54
Шоу Бизнис
Иако има само 23 години, пејачката Џеси Џеј пишува автобиографија.
Се чини дека трендот за пишување книги меѓу ѕвездите станува се попопуларен. На многуте пејачи и актери кои својот пат до ѕвездите го опишале во автобиографии, наскоро ќе им се придружи и популарната млада пејачка Џеси Џеј. Иако има само 23 години, а нејзината кариера е на почетокот, Џеси веке потпишала договор со издавач кој ќе ја објави книгата за нејзиниот живот. Џеси Џеј во својата книга, која би требало да излезе оваа година, ќе допре сериозни теми како својата борба со вродената срцева маана и инфарктот кој го имала на 18 години, па начинот на кој тоа и го променило животот. Џеси не пие и не пуши, повеќе го цени животот, а единствена терапија и се песните и смеата. Во последно време Џеси често ја гледаат во друштво на младиот британски музичар Тини Темпах и се нагаѓа дека се во љубовна врска, но Џеси никогаш не ја криела својата бисексуалност и привлечноста кон девојките и најави дека во автобиографијата ќе ја открие и таа страна од својот живот. Освен приватните пикантерии, автобиографијата ќе се базира на нејзиниот пат кон врвот, музичкиот успех и искуството од посетување на музичкото училиште Brit School, каде колешки и биле Адел и Лиона Луис. Својата кариера ја започнала како авторка на песните на Мајли Сајрус, а денес самата ги пишува своите песни, ги осмислува настапите и ја креира својата облека и напоменува дека токму љубовта кон сето тоа е причината поради која започнала да се занимава со музика. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|






















