Friday, 30 December 2011 12:34 Шоу Бизнис

Не е важно дали филмот е прогласен за "целосно промашување" или успеал да заработи стотици милиони долари, овие актери се каат што воопшто се согласиле и да го прочитаат сценариото...


Холивудските актери најчесто жалат поради улоги кои не ги прифаќаат, но има и такви кои се каат бидејќи го направиле спротивното.

Бред Пит еднаш изјавил дека снимањето на филмот "The Devil's own", во кој игра со Харисон Форд, било "многу неодговорно за него".

"Тоа беше најнеодговорното снимање кое некогаш сум го видел", рекол актерот, но по некое време побарал да ја повлечат неговата изјава.


Легендарниот Кристофер Пламер се кае што го снимил филмот "Моите песни, моите соништа". Тој во својата автобиографија открил дека снимањето на тој филм било како "влечкање на мртов коњ".

Шарлиз Терон во интервју за магазинот "Есквајер" откри дека нејзиниот најлош филм е "Raindeer games" од 2000 година во кој играла со Бен Афлек.

"Тоа беше лош, лош филм...".


Слично мислење има и нејзината колешка Кетрин Хајгл за остварувањето "Knocked up". "Филмот е сексистички. Ја прикажува жената како луцидна личност без ниту малку смисла за хумор".

Познато е дека Меган Фокс го "плукала" остварувањето кое ја прослави. Таа за филмот на Мајкл Беј, "Transformers" , рекла дека "тоа не е филм во кој се обраќа внимание на актерството". Со таа изјава додала и дека режисерот е како "Адолф Хитлер", поради што добила отказ од франшизата.


Нејзиниот колега Шај Лабуф не рекол ништо за "Transformers", туку за Индијана Џонс.

"Мислам дека ја уништив франшизата", рекол Лабуф. "Мислам дека ги изневерив сите луѓе кои го сакаа ова остварување. Ниту Харисон Форд не беше пресреќен...".

Последниот актер кој жалел што одиграл некоја улога е Мики Рурк и тоа во филмот "Iron Man 2". Тој четири дена пред премиерата на филмот за новинарите изјавил "дека нема поим за што се работи во филмот".

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...