Sunday, 24 July 2011 14:37 Шоу Бизнис

Беше само прашање на денови, да не кажеме години, кога сестраната и упорна Мадона, која ја помина една од најголемите трансформации на својот стајлинг во својата музичка кариера која трае речиси 30 години, да посака да биде и хероина од стриповите...


И тоа нема да чекаме долго, затоа што веќе овој месец на пазарот ќе се најде стрипот Female Force (Женска сила) кој на 32 страници ќе ја ослика музичката кариера на Мадона и нејзините важни настапи, внимавајќи на јавноста да и ги предочат сите важни детали од биографијата. Amazon прима предпорачки за Female Force, стрип кој ќе чини помалку од четири долари.

Како што јавува New Musical Express, издавачот на стрипот е куќата Bluewater Productions Inc. која последните години на пазарот се обидува да ги пласира цртаните биографии на Првата дама на САД, Мишел Обама, потоа британската „Челична дама“, Маргарет Тачер, контрадикторната американска политичарка Сара Палин, но и гласната новинарка Барбара Волтерс.

Мадона преку стрипот ќе им ја предочи својата кариера на луѓе кои не ги слушале добро нејзините поп-песни или едноставно ја игнорирале жената која личела на Мерлин Монро и сите икони на 20-тиот век. Насловната страница делува малку сурово, но сценариото за Female Force го напиша прославениот К. В. Крук, додека кралицата на попот во цртеж ја претвори познатиот Мајкл Џонсон.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...