Ако заклучите дека нема да ја дочекатe заедно староста по неколку излегувања, а тој не мисли така, уверете го во спротивното. Според машките искуства, ви кажуваме 10 женски постапки поради кои машката личност нема да посака следно излегување...

Како да ја прекинете врската, а да не излезете лошата во приказната? Едноставно, натерајте го тој да го стори тоа или едноставно никогаш повеќе да не посака да ви се јави.
1. Веднаш по првиот состанок променете го статусот на фејсбук - наместо „слободна“ станете „во врска“. Би требало да избега како без глава кога ќе заклучи дека мислите сериозно веднаш по првиот состанок.
2. Нарачајте само салата кога јадете надвор. Тоа ги излудува машките. Буквално.

3. Неуредни нокти, мрсна коса и несредено облекување нема да ве воодушеви, но ако тоа е начин безболно да се ослободите од непосакуваната врска, воздржете се неколку дена од дотерување.
4. Опседнатост со работа и секоја слободан минута поминета на мобилниот или лаптопот ќе го уништи секое воодушевување. За брзо да се оддвоите од потенцијална машка личност, не одвојувајте се од - мобилниот.

5. Привремено кажете и „не“ на депилацијата. Женската кожа е поим за свиленкастост и нежност, а влакната ја уништуваат секоја желба за допир. Но, не треба премногу да се жртвувате за тој ефект. Доволно е само еднаш да ги забележи влакната на ногата или под пазувите и бидете сигурни дека секоја понатамошна шанса за врска е минато за него.
6. Дрдорење. Машките го доживуваат како нешто детинесто и иритантно ако го слушнат од возрасни жени. Поголем дел од нив смета дека дрдорење и умилкување жените се обидуваат да ја придобијат нивната наклоност или да се извлечат од неволја. Значи, добро извежбајте детска тактика ако сакате да го постигнете спротивниот ефект.

7. Дамки. Иако е вообичаено дезодорансите да оставаат бели траги на облеката, тоа може да изгледа многу неуредно. Како и неуредната коса, нокти и кожа, неуредната облека ги одбива машките на ист начин - за секунда.
8. Жалење. Поголем дел на своја кожа имаат почувствувано колку постојаното приговарање, песимизмот и незадоволството можат да бидат неподносливи. Според тоа, знаете што да правите за успешен ефект.

9. Бонтонот и пристојното однесување им е исто толку важно на мажите колку и на жените. Но, однесувањето кое е далеку од дамско, како груби зборови, недостаток на манири и непристојност ќе го доведат во крајно непријатна ситуација и тешко дека ќе посака повторно да се најде во некоја слична. На кратко, однесувајте се како што се однесува поголемиот број мажи за да ги истерате од вас.
10. Зборувајте само за вас, заборавете дека постои друга личност во разговорот. Монолог со напорни приказни за себе ја исцрпува секоја желба за слушање на истиот било кога повторно. Ако сакате да ја довршите драмата, приредете му што подолги разговори сами со себе за себе.