Saturday, 26 September 2009 16:53 Љубов & Секс
Зошто жените се заљубуваат во постари мажи?...

Хемијата на љубовта сеуште не е разбрана од страна на науката и логиката и никој од нас не знае во кого ќе се заљуби. Но, доколку се заљубите во постар партнер, а разликата во годините помеѓу вас е во голема мера, забележлива, еве неколку работи кои треб да избегнувате да ги правите.



Пред да прочитате за основните работи кои треба да ги избегнувте, доколку сте во врска со постар партнер, треба да знаете дека не треба да брзате да се впуштите во врска со постар партнер само затоа што ви се допаѓа неговиот животен стил или неговиот висок статус. Доколку ги напуштите соништата на вашата младост само за да уживате во престижниот живот кој го води партнерот, за многу кратко време ќе бидете исполнети со чувство на огорченост.



Првата работа, на која треба секогаш да се сеќавате е дека сте одбрале постар партнер, и додека вие сте полни со енергија и сакате да правите нешто возбудливо, партнерот можеби ќе сака да прави работи кои одговараат на неговите години и неговото тело. Неговите избори и активности ќе бидат многу поразлични од вашите, затоа што постои воочлива разлика во годините. Лудост е ако се обидувате да го промените партнерот, ако тој тоа го прави рутински цели 40-50 години. Не очекувајте од него да се промени, подобро бидете отворени и спремни на компромиси во вашиот живот, кои ќе одговараат на вашиот партнер.

Да се живее со постар човек, да гледате како работи и зборува за некои работи, можеби ќе ве потсети на вашиот татко или некој друг роднина. Дури и ако забележите сличности помеѓу партнерот и вашиот роднина или татко, не зборувајте за тоа, бидејќи споредувањето на партнерот со друг постар човек не носи комфорност. Постар човек секако дека повеќе се дружи со пријатели на негова возраст, па можеби нивните теми за разговор нема да ви бидат многу интересни. Во овој случај, жените кои живеат со постари мажи, се обидуваат да бидат зрели и го менуваат нивниот имиџ и начин на живот. Но, пред да го направите тоа, и да се промените, потсетете се дека тој се заљубил во „младата вие“, а менувањето на начинот на живот за да изгледате позрело, може да предизвика проблеми во вашата врска.



На крај, навистина не е важно колку е голема разликата во годините помеѓу вас, се додека се разбирате еден со друг, страста сеуште е тука, и што е најважно, сеуште се сакате.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...