Секој од нас понекогаш има влажни соништа. Некои се возбудливи, некои застрашувачки, а поради некои се будиме засрамени и со голем прашалник над глава. Еве ги оние кои се најчести заедно со нивното значење...

Секс со бивши
Ваков секси сон не значи дека наскоро ќе се смирите со бившиот, ниту дека ќе се најдете во таква ситуација. Соништата во кои водиме љубов со некој со кого сме прекинале често значи дека сеуште имаме некакви чувства кои не сме ги решиле до крај. Ако имате ново момче, сонот за секс со бившиот често значи несигурност во сопствениот избор.
Инцестни соништа
Сонот за инцест е често обид на умот да се приближи кон членовите на семејството или да созрее во нивните очи. Исто така, секс со член од семејството може да претставува опростување на некој кој не повредил.
Хомосексуален секс
Секс со припадник од истиот пол не значи дека имаш хомусексуални тенденции. Ваквите соништа често се поврзани со самодовербата. Ако сонуваш секс со друга девојка, вашито ум ве тера да ги засакате деловите од себе од кои можеби се срамите. Сексот со најдобра пријателка значи дека постојат некои делови од вашето пријателство на кои би требало да поработите, или дека можеби и завидуваш на некои работи.
Секс со странец
Карл Јанг имал теорија дека секоја особа има анимус или анима. Анимус е машката енергија на жените, а анима е женската енергија кај мажите. Сонот за секс со странец има врска со состојбата на вашиот анимус/анима. Се работи за поставување рамнотежа и спојување на вашата машка и женска страна. Сексот со странец може да биде и знак на личен раст.
Силување
Соништата за силување се чести, особено меѓу женската популација. Тие значат дека имате страв од тоа дека некој ќе ве присили на нешто што не сакате или целосно ви го намалуваат чувството на вредност. Жените кои имаат вакви соништа многу често се во врска во која мажот емоционално ја злоупотребува и во која не се чувствуваат доволно вредни.
Неверство
Сонот во кој го изневерувате вашето момче многу често значи дека постојат некои работи во врската поради кои се чувствувате виновно. Можеби нешто сте прикриле, можеби постои нешто со што сте го повредиле, а се додека не го решите тоа, вашата потсвест ќе ве потсетува на тоа праку непријатни соништа.
Секс со пријател на вашето момче
Чувството кога ќе се разбудите после таков сон никогаш не е добро, после тоа често ни е непријатно пред момчето. Ваквиот сон не значи дека се палиш на неговиот пријател, можно е само да поседува некои квалитети кои ти се допаѓаат и кои сакаш да ги усвоиш.