10 работи кои не треба да и ги кажете на девојката...
Постојат многу статии и прирачници за тоа што да и кажете на девојката за да се чувствува убаво и сакано, но многу поретко се текстови на тема што треба да не и кажете на девојката за да избегнете непријатни ситуации. Еве листа од неколку...
10. Никогаш не зборувајте лошо за нејзините пријатели од машки пол!
Еден од начините да изгледаш како губитник пред девојката е да зборуваш лошо или со презир за нејзините пријатели, посебно ако не ги познаваш доволно или пак никогаш не ги сретнал. Ако си во сеуште малда врска, попаметно е да преќутиш кога се зборува за некој од нив, иако се сомневаш дека можеби и не и е само пријател. Ако зборуваш лошо, ја покажуваш својата несигурност, а таква слика за себе несакаш да покажуваш во јавноста.
9. Не кажувај реченици во стилот: „Ќе ти се јавам во петок“!
Се прашуваш зошто па да не! Жените сакаат спонтаност и сакаат да бидат во исчекување. Не сакаат мажи кои лесно можат да ги прочитат и го знаат секој негов нареден чекор. Со оваа реченица ја уништуваш можноста таа да ти се јави тебе. А ако случајно ја заборавиш во петок... е тогаш станува интересно!
8.Не заборувај за работи кои е однесуваат на иднината!
Ако за време на првиот состанок упорно правиш планови за наредните, таа ќе знае дека ја добила битката. Жените сакаат предизвик, затоа остави простор таа да се избори за нареден состанок или пак остави простор да се надева на нареден. Ако целосно се дадеш на првиот состанок, ќе нема што да понудиш на наредните!
7. Не прашувај со колку мажи има спиено!
Дали си сигурен дека сакаш да ја знаеш вистината? И друго, со ова прашање покажуваш несигурност. Ако таа те праша прва со колку жени имаш ти спиено, тогаш возврати го ударот. Но никако не ја започнувај оваа тема прв, особено не на почеток на врската.
6. Не поставувај прашања во стилот „Зошто не ми врати на пораката што ти ја пратив синоќа?“
Ова е една од најчестите грешки што мажите ги прават во почетокот на врската. Прво, сте на почеток на врска и не сакаш да покажеш колку таа ти значи, а со ова прашање како да викаш на сет глас „Се грижам за тебе“. Подобро е да се правиш како да не си ни приметил дека не ти вратила на пораката, односно како ништо да не било. На тој начин покажуваш дека си сигурен во себе и имаш почит кон нејзината приватност.
5. Не го поставувај прашањето „Дали ти се допаѓам?“
Прво, претпостави дека и се допаѓаш, инаку зошто би излегувала со тебе! Друго, размисли како изгледаш во нејзините очи кога вака патетично се обидуваш да добиеш одговор на вакво патетично прашање!
4. Не поставувај прашања во стилот „Што ќе правиме вечерва?“
Жените сакаат маж со план и мажи што знаат што сакаат во животот. И ако таа каже што сака да прави, дали си сигурен и ти ќе сакаш да го правиш истото? Покажи и дека можеш да и го направиш животот забавен!
3. Не се фали каква кола возиш, колку заработуваш или каква куќа имаш!
Ако сакаш девојка која ја интересира само каква е твојата материјална состојба, тогаш напред! Но ако сакаш девојка која ја интересираш ти, а не твојата кола или куќа, не зборувај за нив. жените кои се во потрага по сериозен дечко бараат човек со духовни кавалитети, кои не е на одмет да имаат добра работа, куќа, кола. Но немој тоа да и го фрлаш во лице, бидејќи ќе мисли дека само материјално е тоа што имаш да го понудиш.
2. Не прашуавј „Дали би сакала некогаш да...“
Не прашувај за дозвола да ја повикаш девојката на состанок или на излет или на забава. Едноставно повикај ја. Кажи и „Ајде со мене на забава, ќе биде забавно!“. На тој начин покажуваш дека си сигурен во себе.
1. Не прашуавј „Дали може да те бакнам?“
После убаво поминат состанок, многу е глупаво да прашаш за дозвола за бакнеж. Тоа ти става етикета на недораснато детиште. Дури и да сака да ја бакнеш, тоа прашање ќе створи непријатна ситуација. Жените сакаат одлучни мажи кои се спремни да преземат акција па дури и ризик да бидат одбиени. Размисли дали ќе имаш подобра слика за себе да ти рече „Не“ на ова прашање или да пробаш да ја бакнеш па и по цена да те одбие!