Wednesday, 26 August 2009 02:49 Љубов & Секс
Високи потпетици, секси долна облека , краток црн фустан и ќе зрачите со сексипил...

 

Може и така, но постојат и низа други начини преку кои може да почуствувате погледи упатени кон вашето тело. Најважно е секако да зрачите одвнатре. Запрашајте се што вам ви е секси, и набрзо ќе откриете дека тоа не е само некој познат глумец без облека или чевли од позната марка. Сексипилот е скриен само во вашите важни работи и само тие можат да направат да се чувствувате така во моментот. Капка од омилениот парфем меѓу градите или голо тело покриено со кошула која му припаѓа нему, на вас ќе има неодолив впечаток, а вие тоа ќе го ширите во околината. Направете го тоа за себе! Без разлика што сте на работа, облечете секси долна облека. Ќе се чувствувате подобро а и луѓето околу вас ќе го приметат начинот на кој одите. Ист впечаток ќе имате и со високите потпетици, но со нив ќе се чувствувате секси само доколку можете да се сносите со нив. Нема ништо понепривлечно од жена која незнае да оди на високи потпетици. Високите потпетици ќе направат чудо за вашиот сексипил доколку ги искомбинирате со долна облека и тоа само неколку моменти пред тој да влезе во станот. Вртоглаво високите потпетици се неугодни меѓутоа се најважниот инструмент за заведување. Не ја потценувајте и силата на секси смс порака. Напишете ја и почекајте... Одењето во кино претворете го во секси игра која ќе започне во лифтот а ќе продолжи во автомобилот.


Размислувајте за сексот

Замислете ги допирите и бакнежите, размислете за сѐ она што го сакате во сексот. И тогаш сѐ тоа направете го.

Изгледајте добро

Па така и ќе се чувствувате. Грижете се за кожата, негувајте ги косата и ноктите.

Флертувајте кога ќе ви се укаже прилика. Но не се мисли на заводничка игра со вашиот партнер. Флертувајте со непознати! Ќе се чувствувате посакувано а со тоа и само на себе ќе си докажете дека и навистина сте.

Јадете секси храна и ќе се чувствувате секси. Притоа не треба да претерувате. Омиленото чоколадо или некое овошје ќе биде доволно да ја разбуди вашата фантазија. Тајната е во тоа да јадете полека и да уживате.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...