Wednesday, 05 August 2009 14:03 Љубов & Секс
Ако за време на сексот се претварате дека уживате, тој ќе се претвори во кошмар...

 

Суштината на добриот секс е во тоа да ги почитувате желбите на партнерот, тој да ги почитува вашите и да го правите тоа што ве возбудува. Само затоа што не е добро да молчите и размислувате дека партнерот ќе мисли дека се чудни вашите желби или можеби вашиот разум ќе ги осудува. Со тоа обично повеќе проблеми имаат жените кои се плашат дека нивниот партнер на нив ќе гледа како на проститутки или на жени со кои не треба да се венчаат. Тоа секако дека не е добро, затоа што со тоа го ускратувате задоволството и ќе имате интимен живот во кој секогаш нешто ќе недостасува.



Од друга страна, мажите се плашат дека нивната партнерка ќе каже „не“ и нивната желба ќе ја прогласи за премногу перверзна, а потоа следува бесна расправа. Разговорот во такви ситуации е многу важен, затоа што е потребно да ги изразите своите желби и на партнерот на убав и симпатичен начин да му кажете што всушност сакате, што би сакале да пробате, што ви недостасува и за што фантазирате. Дури и ако првата реакција може да биде малку бурна, не откажувајте се од понатамошното објаснување или причекајте до следниот вистински момент и обидете се да ги изразите вашите желби на поинаков начин.



Повеќето предрасуди се непотребни и на истите подоцна слатко ќе се изнасмеете. Тие се само во вашата глава и не би ги имале воопшто ако разговарате искрено со вашиот партнер. Жените обично имаат предрасуди кон аналниот секс, спермата, „длабокото“ грло, кон погруб секс или кон некои видови „злобни“ доминации. А мажите не знаат тие доминации да ги пренесат на жените на примерен начин, па молчат и своите желби ги потиснуваат длабоко во себе, што значи дека се несреќни и секогаш незадоволни со својот интимен живот.



Најголема грешка која може да ја направите е изневерувањето. И тоа само затоа што сте уверени дека вашата партнерка не би пробала некои работи. Најпрво мора да се запрашате дали воопшто сте и кажале што сакате. Ако одговорот е потврден, на ред доаѓа прашањето на каков начин и го кажавте тоа. Дали би биле доволно трпеливи за постепено да преминете на одредени работи, а со тоа да не ја присилувате партнерката. Убавиот збор секогаш пали, само мора да бидете трпеливи. Посебно ако се работи за жена која нема искуство со таквите работи и која е од оние конзервативните.

Почнете полека за да не ја навредите партнерката, да не добие чувство дека сте незадоволни од моменталната интимност и дека би ве задоволило само тоа за кое сонувате. Жените не треба да размислуваат во тој погрешен правец дека на нивните партнери повеќе не им одговара вообичаениот секс, туку ги возбудува  само она кое не го правеле за своите партнери. Се работи само за додатоци кои го зачинуваат сексот и работите кои му се допаѓаат на вашиот партнер кои сака понекогаш да ги доживее.



Никогаш не срамете се од своите желби. Никогаш не ги потиснувајте и не фантазирајте за некој друг. Сите ваши желби може да ги исполни вашиот партнер само доколку му ги кажете. За откривањето на желбите потребна е трпеливост, постепено воведување и испробување. Уште подобро би било ако сето тоа се случи спонтано и благодарение на страстите.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...