Wednesday, 19 June 2019 17:59 Фудбал

Англија | Иако подолг период се шпекулираше дека ова лето искусниот Шпанец ќе има нов клуб, со оглед на тоа што му истекуваше договорот, сепак, тој ќе остане на „Олд Трафорд“ откако си подаде рака со клубот за продолжување на соработката на дополнителни две години.



Манчестер јунајтед на својот официјален клупски сајт објави и официјално дека Хуан Мата потпиша нов договор, со кој искусниот фудбалер се обврза на верност со клубот до јуни 2021. година, со опција за дополнителни 12 месеци.

Во текот на вчерашниот ден на Островот излезе информација дека Шпанецот се договорил со клубот и ќе потпише тригодишен договор, веста е денес и официјално потврдена од „Олд Трафорд“, но со ситни измени во однос на најавите, наместо три, тој потпиша на две години со опција и на дополнително една година.

Со ова се стави крај на сите шпекулации со кои беше поврзуван 31 годишниот офанзивец кој во периодот минат на „Олд Трафорд“ досега со тој клуб го подигна пехарот во ФА Купот, Лига купот, Лига Европа, како и ФА Комјунити Шилд.

„Голема чест за мене е тоа што ќе продолжам да го претставувам овој голем клуб и нашите неверојатни навивачи, тука сум веќе пет години и навистина сум горд на тоа што „Олд Трафорд“ го нарекувам мојот дом, убаво е да се работи со Оле Гунар Солскјер и неговиот фантастичен стручен штаб, визијата која тие ја имаат за клубот е возбудлива и среќен сум што ќе бидам дел од тоа“ рече Мата.

Во однос на оваа вест се произнесе и шефот на стручниот штаб на Премиерлигашот, Солскјер истакна дека Мата е огромен професионалец и еден од најинтелигентните фудбалери со кои тој работел.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...