Friday, 19 March 2010 13:39 Фудбал

Лига на Шампиони Арсенал - Барселона и Баерн Минхен - Манчестер Јунајтед се дерби натпреварите од 1/4 финалето во ЛШ, Интер ја доби ЦСКА Москва, Лион ќе игра против Бордо.

Познати се 1/4 финалните дуели од Лигата на Шампионите и можните полуфинални натпревари во најголемото клубско натпреварување.

Арсенал - Барселона е натпреварот кој предизвикува најголемо внимание, дуел на двете офанзивни екипи кои според многумина го играат најубавиот фудбал за око.

Топџиите немаа среќа да го избегнат Европскиот шампион кој важи за фаворит во овој двомеч.

Не помалку интересен ќе биде и дуелот помеѓу Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед.

Баварците имаат можност и по втор пат да им се одмаздат на Црвените Ѓаволи за историското финале во Лигата на Шампионите кое Манчестер Јунајтед го доби со два гола во судиското продолжение.

На хартија Интер доби полесен противник во 1/4 финалето, Нероазурите ќе играат против ЦСКА Москва.

Франција ќе има сигурен полуфиналист, бидејќи Лион против Бордо се среќаваат во 1/4 финалето.

Познати се и можните полуфинални дуели, Интер можеби ќе има лесен противник во 1/4 финалето но доколку помине ќе има тешко полуфинале бидејќи ќе се сретне со победникот од дуелот помеѓу Арсенал и Барселона.

Второто полуфинале ќе го сочинуваат победникот од натпреварот Баерн - Манчестер и победникот од дуелот Лион - Бордо.

Лига на Шампиони 1/4 финале

Лион - Бордо
Баерн Минхен - Манчестер Јунајтед
Арсенал - Барселона
Интер - ЦСКА Москва

Првите натпревари се играат на 30/31 март, реваншите се закажани за 6/7 април

Лига на Шампиони 1/2 финале

Баерн Минхен/Манчестер Јунајтед - Лион/Бордо
Интер/ЦСКА Москва - Арсенал/Барселона

Првите натпревари се играат на 20/21 април, реваншите се закажани за 27/28 април

Финалето од Лигата на Шампионите се игра во Мадрид на 22 мај.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...