ВИЦ

Tужба

Жената ја тужи локалната болница затоа што нејзиниот сопруг по неодамнешното лекување го изгубил целиот интерес за секс.

Гласноговорникот на болницата одговорил:
- "Човекот беше на оделот за офталмологија каде само му го подобривме видот..."

ТОП ВИДЕО

ДЕВОЈКА НА ДЕНОТ

Thursday, 11 March 2010 16:06 Фудбал

Лига на Шампиони Екипата на Лион успеа да одигра нерешено на Сантијаго Бернабе и да го елиминира големиот Реал Мадрид од Лигата на Шампионите

Завршија надежите на Кралскиот Клуб дека ќе може да стигнат до јубилејната 10 титула во Лигата на Шампионите на својот Сантијаго Бернабе.

Шеста година во низа, Реал Мадрид не успеава да го помине осмина-финалето и пречката оваа година повторно се викаше Лион.

Тимот од Франција успеа да одигра 1-1 на Сантијаго Бернабе и да направи големо изненадување во овогодинешното издание на нок-аут фазата од Лигата на Шампионите.

Но стартот на натпреварот навестуваше нешто сосема друго. Кака по само 16 секунди можеше да го отвори резултатот но Хуго Лорис интервенираше одлично.

Кралевите дојдоа во водство веќе во шестата минута откако Гути испрати одлична долга топка кон Роналдо и Португалецот со прецизен удар успеа да го совлада голманот на Лион.

Во 10та минута Кака повторно се закани со удар од работ на шеснаесетникот но Лори успеа да го скроти ударот.

Роналдо имаше нова шанса за погодок но по изведениот корнер биеше со глава само над голот на Лион.

Во 25та минута Реал креираше нова 100% шанса, Игуаин успеа да се ослбоди од Лори но ударот на напаѓачот заврши само во стативата.

Аргентинецот неколку минути подоцна пропушти уште една голема шанса откако се најде осамен пред Лори, но голманот на Лион успеа да го одбрани ударот на напаѓачот.

Првата посериозна шанса гостите ја имаа дури во 35та минута кога стрелецот на првиот натпревар, Макун се закани по голот на Касиљас.

И покрај големиот број на шанси, Реал Мадрид на полувреме замина само со предност од 1-0 и Кралевите мораа да постигнат уште еден погодок за пласман во следната рунда.

Но на стартот од вторито дел, Лион направи две промени, Калстром и Гоналонс влегоа во игра на местото на Макун и Бумсонг.

Гостите од Франција заиграа похрабро и поофанзивно и почнаа да му создаваат проблеми на Реал.

Во 52та минута Сидни Гову од добра позиција шутираше многу непрецизно и над голот на Касиљас.

Три минути подоцна Лисандро испрати вистинска бомба од 30 метри која Касиљас успеа да ја одбрани.

На спротивната страна, Кака и Гранеро се заканија со удари од далечина но двајцата беа многу непрецизни во своите обиди.

На 15 минути до крајот на натпреварот Лион конечно стави крај на амбициите на Реал Мадрид за 10 титула во Лигата на Шампионите.

Пјанич доби одлична повратна топка од Лисандро во срцето на шеснаесетникот на Реал и интернационалецот од БиХ со полу-волеј успеа да го совлада Касиљас.

На Реал Мадрид му беа потребни два погодока за пласман во следната фаза и избраниците на Пелегрини нападнаа со сите сили.

Тоа остави многу простор за Лион во контра нападите и гостите можат да жалат што не победија на Бернабе откако Лисандро Лопез и Делгадо промашија две големи шанси.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...