ВИЦ

Професор на испит го прашува студентот:
- Кажете ми какви раѓања знаете?
- Предвремено, со задоцнување, неправилно!
- Ве молам подетално!
- Предвремено: – една година пред свадбата. Со задоцнување: три години по смртта на сопругот. Неправилно: кога наместо сопругата раѓа сосетката.

ТОП ВИДЕО

ДЕВОЈКА НА ДЕНОТ

Thursday, 25 January 2018 17:54 Музика

Тоше Проески, нашата музичка легенда, хуман млад човек, е роден на денешен ден...

Тодор „Тоше“ Проески е роден на 25 јануари 1981. Тој е познат македонски пејач и една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена, каде што е доживуван како заштитен знак на Македонија. Музичката кариера ја започна со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, каде што и победи изведувајќи ја песната на Yesterday од Битлси.


Патот кон ѕвездите му го отвораат песните Пушти ме (1997) и Остани до крај (1998). Имал блиска соработка со Џеф Бек, Григор Копров, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Ѓорѓевиќ, Миро Буљан, Антонија Шола, Тони Цетински, Phoebus, Ања Рупел и голем број на други влијателни балкански и светски музичари и композитори.


Се смета дека подемот во неговата кариера започнал по изведбата на песната Твоите бакнежи на моите бели кошули на Скопскиот фестивал во 1999 година.


Во меѓувреме Тоше станал дел од продуцентската куќа Авалон, каде што останал се до истекувањето на неговиот договор во април 2002. Во 2004 година бил прогласен за Амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е познатиот израз Ве сакам сите. Загина на 16 октомври 2007 во сообраќајна несреќа во Хрватска. Постхумно бил прогласен за заслужен граѓанин на Македонија. Денот на неговиот погреб, 17 октомври, бил прогласен за Ден на национална жалост.

Во Крушево на неговата гробница беше одбележан неговиот 37 роденден, каде и по 11 години од трагичната смрт, неговите обожаватели не престануваат да доаѓаат и да ги пеат неговите песни:

– Тажно е што сме без Тоше, но радосни сме што имаме многу спомени кои вечно ќе живеат, вели обожавател од Прилеп.

– Тоше е чиста љубов. Доаѓам од Пула, Хрватска неколку пати годишно. Овде е цел балкан, Тоше не поврза. И само поради љубовта. нема националност, верска припадност, туку само Тоше, вели обожувателка на Тоше Проески од Хрватска.


Сестра му на Тоше, Дора, порано изјави дека имала чувство како Тоше да ја претчувствувал својата смрт.

„Мислам дека Тоше ја претчувствуваше својата смрт. Пред неколку месеци му јавив колку ќе му биде убав спратот во семејната куќа, а тој само рече: Радувај се Цеце, бидејќи ти ќе се вселиш таму. Во една прилика дојде на ручек во Крушево, а тато не беше таму. Тоше му се јави и му рече брзо да дојде бидејќи уште малку ќе го гледа. Му рече дека после ќе го гледа да на фотографија. Тој често беше замислен, а јас му велев дека животот е убав и дека луѓето го сакаат. Тој ми рече: Животот навистина е убав. Само да потрае уште малку“, вели Дора.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...