ВИЦ
Колку плавуши се потребни за да се затвори струен круг? ТОП ВИДЕО |
Monday, 12 March 2018 18:00
Македонија
Тони Гогов моментално живее и работи во Лапонија, Финска, во светски познатиот хотел Какслаутанен... За неговите 33 години посетил над 60 држави и поседува богато искуство и знаење за културите и менталитетите на народите ширум светот. Неговото мото е "ризикувајте, само така ќе добиете". Гогов досега гостуваше на утринска програма во Телма, имаше интервју во Утрински Весник, Црно Бело, а воедно е финалист на меѓународниот натпревар "Пат околу светот на 80 страници" организиран од познатиот бренд за хартија Navigator Paper во 2016 и 2017 година.
Во 2014 година се преселив во Дубаи, бидејќи бев фасциниран од безусловното наследство и сегашниот фокус на бизнисот и диверзификацијата. Јас сум доволно среќен што ја имав можноста да работам во Емиратите. Како што знам луѓето кои доаѓаат овде никогаш не комуницираат со локалното население. Дојдов тука со отворен ум и со љубопитност, и добив многу поволен впечаток од моите пријатели и колеги. Можеби звучи чудно, но нивната тесно поврзана култура, каде што "сите ги познаваат сите" и нивната вистинска љубов за благосостојбата на нивните деца, ме потсетува на животот во северна Финска. Исто така мора да ја спомнам и прекрасната природа на Лапонија и начинот на кој луѓето овде за грижат за истата. Мислам дека никогаш нема да останам рамнодушен на убавината на Северот. Главната разлика? Времето.
Секогаш кога го започнувам мојот нов живот во друга земја, учам за нивната култура и како да се грижам за себе. Тоа е шанса да ја добијам мојата независност. Нова земја, нов живот и нови предизвици.
Ja сакам возбудата од чувството на истражувач - откривајќи нова земја, нов јазик и сите мали предизвици што одат попатно. Кога патувам, јас сум повеќе спонтан и не живеам за иднината или минатото... само во моментот. Толку многу луѓе живеат во несреќни околности, но сепак не преземаат иницијатива за промена на својата ситуација, бидејќи тие се условени од животот на безбедноста, комфортноста и конзервативизмот, што може да изгледа дека дава мир на умот, но во реалноста ништо не е повеќе штетно за авантуристичкиот дух кај човекот отколку безбедна иднина. Основното јадро на живиот дух кај човекот е неговата страст за авантура. Радоста на животот доаѓа од нашите средби со нови искуства, а со тоа нема поголема радост отколку да се има бескрајно променлив хоризонт, за секој ден да има ново и поинакво сонце.
Овде секако би ја спомнал финската сауна, која има значителна улога во финската култура. Како најинтересна случка беше посетата на 'Чадена Сауна' во едно зимско одмаралиште. Овој посебен тип на сауна без оџак се загрева со дрво, а целиот чад останува внатре. Кога просторот ќе ја достигне највисоката точка на греење, чадот се филтрира, притоа оствајќи доволна топлина и мирис на чад од изгорено дрво. Тоа е моментот кога сите излегуваат надвор на екстремни ниски температури, па се враќаат назад во сауната и така неколку пати. Некои луѓе скокаа во замрзнатото езеро, некои се тркалаа во снегот. Јас го одбрав пливањето во езерото и веднаш после тоа се чувтвував опуштено. Всушност, тоа би го направил во било кој момент без двоумење.
Како што велат луѓето, првиот чекор е секогаш најважен и навистина треба да имате самодоверба и храброст да се уверите самите себе дека целта за долгорочно патување не е луда фантазија, туку реален животен избор. Кога еднаш ќе го сфатите тоа и ќе се посветите на креирање на патувачки животен стил, ќе се изненадите од тоа колку врати ќе ви бидат отворени. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|