ТОП ВИДЕО |
Tuesday, 09 March 2010 17:02
Занимливости
Грејс Гронер живеела во мал еднособен апартман во Лејк Форест, Илиноис... Облеката и била стара, немала кола и работела како секретарка за фармацевтско претпријатие. Живеела до 100 години. Кога умрела, станало јасно дека оставила 7 милиони долари, како донација за градот за наставни стипендии. Парите дошле од 3 акции, кои ги купила во 1935 година и кои ги задржила. "таа ги немаше материјалните потреби, кои ги имаа другите луѓе", рекол нејзиниот адвокат и долгогодишен пријател Вилијам Марли. "Таа можеше да си ја купи, која и да било куќа во градот, но едноставно не сакаше". Грејс немала сопруг и деца, и живеела со штедење. Но нејзините милиони не доаѓаат од заштедата. Таа работела како секретарка во лабораторите Abbott цели 43 години. Во 1935 година си купила три специјални акции на компанијата за 180 долари. Таа не ги продала, не се искушила да ги продаде и откако нивната вредност пораснала неколку пати.
Покрај тоа таа ги реинвестирала дивидендите. Кога починала, имала 100.000 акции во вредност од 7 милиони американски долари. Нејзината историја ги зачуди сите експерти, кои велат дека е голема грешка да се чуваат сите заштеди во акциите на една компанија, уште повеќе ако станува збор за твојот работодавач. Всушност, овој совет се покажал како точен за за вработените на Enron, GM, Bear Sterns, но не и за г-ца Грејс. Тоа, се разбира, е само стратегија, велат експертите - во случајот, според нив, станува збор за ретка среќа. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|






















